Јанева пред Советот на обвинители ќе објасни зошто исклучила две обвинителки

0
1085

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева денеска во 11 часот во просториите на Советот на јавни обвинители ќе образложи зошто од својот тим неодамна ги отстранила обвинителките Лејла Кадриу и Марија Ѓоревска.

Советот на јавни обвинители формираше тричлена комисија токму за таа цел, како надлежен орган при вакви случаи и за контрола на работата на СЈО.

„Јанева пред комисијата ќе ја образложи својата постапка, која целосно е во согласност со законот. Не е спорно дека Советот има законско право да поставува прашања за нашата работа“, велат од Специјалното јавно обвинителство.