Почна седницата на Советот на јавни обвинители, на која членовите треба да расправаат за работата на специјалната обвинителка, Катица Јанева, пренесува „Мета“.
На седницата не е присутна Јанева, а јавниот обвинител, Марко Зврлевски, по службена должност е меѓу членовите на Советот.
Според најавите, на седницата треба да се разгледува и примопредавањето на прислушуваните материјали што лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на 30 декември ѝ ги предаде на специјалната обвинителка, за што не е направен записник.
Претседателот на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски, пред почетокот на седницата најави дека по нејзиното завршување ќе даде изјава за медиумите.