Јанева на СДСМ им дала прецизно упатство – како и кога да ги донесат неиспуканите „бомби“

0
1196

Од специјалното обвинителство соопштија дека до партијата СДСМ упатиле официјално барање со прецизно објаснување за материјалите произлезени од нелегално прислушуваните материјали.

-Од наша страна е доставено официјално барање до политичката партија СДСМ во кое е прецизирано времето кога и начинот на кој бараме да ни бидат предадени материјалите. Очекуваме да биде постапено по нашето барање, за што дополнително ќе Ве известиме, стои во одговорот на специјалното обвинителство до Телма.

Од специјалното обвинителство соопштија дека не ги побарале останатите предмети за кои адвокати-бранители, роднини на жртвите или на обвинетите веќе официјално побарале да бидат преземени од обвинителството предводено од Катица Јанева.

-Ве известуваме дека се уште не се побарани предметите за да биде одлучено за наша стварна надлежност, ниту пак до овој момент имаме други предмети за чија што надлежност се немаме произнесено, стои во дописот на СЈО до Телма.

Станува збор за случаите Диво Насеље, Монструм, Шпион, Кампања и Ровер, а исто така и Александар Нешковски јавно упати барање специјалното обвинителство да ги разгледа „бомбите“ поврзани со убиството на неговиот брат Мартин Нешковски изборната ноќ во јуни 2011-та. Содржината на бомбите за Нешковски не била разгледувана ниту од основното јавно обвинителство во Скопје или од обвинителството за борба со организиран криминал. Бомбите за Нешковски предизвикаа големи протетси пред владата поради сомнежот за криење на информации за убиството и за истрагата.

Од СДСМ велат дека го примиле барањето на СЈО и дека ќе ги достават документите кога ќе се содадат услови за нивен прием.