Јанева бара од Зврлевски да каже колку предмети има против содржината од „бомбите“

0
1378

308275-katica-janeva-za-eden-mesec-kje-me-vidite-so-mojot-tim

Јавното обвинителство на Република Македонија соопшти дека вчера попладне добило барање од Специјалното јавно обвинителство за доставување на статистички податоци за бројот на предметите оформени во јавните обвинителства, а кои се однесуваат на незаконското следење на комуникациите.

„Бараната статистика се однесува на бројот на оформени предмети, назначување на јавните обвинителства пред кои се оформени предметите и броеви под кои се заведени предметите. По барањето се постапува, по што бараните податоци ќе бидат доставени во најкраток можен рок“, се наведува во соопштението.​