Јагода Шахпаска: Хаосот во јавното здравство е резултат на погрешните политики на Никола Груевски и Никола Тодоров

0
1876

Изјава за медиуми на Јагода Шахпаска, пратеничка и претседателка на собраниската Комисија за здравство:

Почитувани граѓани,

Што уште треба да се случи за Никола Тодоров да си поднесе оставка?

Родилки и бебиња умираат, денеска е пукано во лекар.

Нема да има операции на хирургија, додека не се заштитат лекарите со закон.

Груевски и Тодоров не можат да го гарантираат здравјето на пациентите.

Груевски и Тодоров не можат да ја гарантираат безбедноста на лекарите.

Хаосот во јавното здравство е резултат на погрешните политики на Никола Груевски и Никола Тодоров.

Оставка од Никола Тодоров бараме веднаш.