Ѓорѓиев : Кавадарци никогаш позагаден , состојбата станува алармантна

0
1501

Ви ја пренесуваме изјавата на претседателот на Општинската Организација на СДСМ Кавадарци, Зоран Ѓорѓиев, во врска во загадувањето:

10277743_760346813977572_4765966184873258615_n

Сосотојбата со загадувањето на воздухот во Кавадарци е сериозна и станува сé поалармантна.

Според официјалните податоци, загадувањето на воздухот во Кавадарци е зголемено за 6 пати повеќе од дозволеното. Од дозволените 50 ПМ10 честички, тие изнесуваат 300. Тоа најавува дека загадувањето оваа година ќе биде многу поголемо од минатата.

Последиците веќе се видливи. Сознанијата на Светска банка упатуваат на тоа дека цврстите честички се најголемата причина за повеќе од 1.350 смртни случаи годишно во Македонија, поради предизвикување на различни болести на дишните патишта па дури и рак.

Загадувањето е последица на погрешните политики на власта на централно, но и на локално ниво. Не постои никакви иницијатива ниту од локалната ниту од централната власт за преземање на еколошки мерки за спречување на загадувањето на воздухот и намалување на штетните последици по луѓето.

За жал, градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов само немо ја следи состојбата.

Градоначалникот има законска обврска во соработка со државните органи во областа на здравство, животна средина и центарот за известување и тревожење, да ја известите јавноста за настанатата состојба како и за мерките што треба да се преземат на начин утврден со акт на општината. Тоа е утврдено и со закон за квалитет на абмиентален воздух и тоа според член 26, став 2.

Во интерес на здравјето на граѓаните, СДСМ бара свикување на вонредна седница на Советот на Општина Кавадарци на којашто ќе се разговара за решавање на овој горлив проблем кој трае со години.

Локалната власт им должи одговори на своите граѓани на што се должи нивната негрижа и дали позади игнорантскиот однос се штитат нечии интереси.“