Џихадистите грабнаа десетици христијани во сириски град

0
217

Борците на џихадистичката организација Исламска држава грабнале десетици христијански семејства по заземање на стратешки важен град во сириската покраина Хомс, објави во петокот Сириската опсерваторија за човекови права (SOHR).

dzihad

Споменатата невладина организација чие седиште е во Лондон а се потпира на информации што ги добива од теренот во Сирија од различни извори и од своите активисти, известува дека Исламската држава грабнала најмалку 230 луѓе, вклучувајќи и неколку десетици христијани, кои се одведено од црквата во Карјатаин, град кој џихадистите го заземаа ноќта кон петокот по тешките борби со сириската армија.

Градот Каратајан се наоѓаа на патот кој го поврзува древниот град Палмира со планината Каламун по должина на границата со Либан.

Исламската држава досега уби илјадни припадници на разни верските и етнички заедници во Сирија, алавит (шиити), Друзи, Курди, христијани но и сунити кои не го ја менуваат верата и не ги признаваат нејзиниот самопрогласен калифат. Сите коишто не го прифаќаат ригидното толкување на исламот, Исламската држава ги смета за неверници и истовремено урива многу историски древни објекти, но и цркви и џамии без разлика дали сунитски или шиитски.