Њуздеј247: Исламистите најверојатно го убиле Томислав Салопек

0
232

Припадници на Исламска држава го обезглавиле Хрватот Томислав Салопек, киднапиран на 22 јули, објавија хрватски медиуми повикувајќи се на сајтот Њуздеј247.

Zagreb4-540x355

Извори поврзани со екстремистите тврдат дека џихадистите го убиле 30-годишниот Хрват кој работел за француската компанија CGG Ardiseis. Наводно се појавиле и фотографии на обезглавениот Салопек, но автентичноста не е потврдена.

Претходно, ИД разгледувала 48 часа рок за продолжување на ултиматумот.