ЈКП „Комуналец“ со пролетна акција ги пицнува улиците на Прилеп

0
1454

ЈКП „Комуналец“ започна со пролетна акција, за да се исчисти градот од
нафрланата ризла и сè што оставила зимата до престојните велигденски
празнувања. Вработените во ЈКП „Комуналец“, покрај темелното
чистење на ризлата, почнаа и со миење на сите поголеми
сообрајкајници.

„Акцијата за чистење на градот ја почнавме од централното градско
подрачје по булеварот ‘Гоце Делчев’,па кон старо корзо, ‘Кеј 9-ти
Септември’, ‘Кеј 1-ви Мај’, а ќе продолжиме со миење на улиците
‘Прилепски бранители’, ‘Марксова’, ‘Егејска’, ‘Димо Наредникот’,
‘Александар Македонски’. Ќе бидат опфатени сите поголеми
сообраќајници, согласно со Програмата за работа. Покрај ова, ќе се
изврши и темелно чистење на сите паркови во градот и населените
места. Наскоро ќе се реализира и пролетно кастрење на дрвјата, за да
им се продолжи животниот век и за да се создаде слободен проток за
граѓаните, но и поголема естетика на дрвјата“, изјави в.д. директорот
Ѕвонко Јованоски.

Од ЈКП „Комуналец“ најавуваат дека во соработка со локалната
самоуправа, ќе се исчистат дивите депонии, а ќе се посвети поголемо
внимание и на чистењето на речното корито.