ЈА ОТЕПА – Ефремовски : ЈОЦИ ТИ СИ ЕДЕН ОБИЧЕН СПЛЕТКАРОШ И НАЈЛОШ САМОПРОГЛАСЕН БОРЕЦ ЗА ПРАВДА КОЈ ЛАЖЕ, МАНИПУЛИРА И ОДРАБОТУВА ПОЛИТИЧКИ АГЕНДИ!!!

0
4196

Фејсбук донесе многу добри работи во комуникациите, но и многу лоши. Една од најлошите е тоа што секој самопрогласен борец за правда со неколку илјади следачи, може да лаже, манипулира и одработува политички агенди без притоа да одговара за тоа. Таков пример е Јорданка Ивановска – Јоци, која си го користи профилот за оцрнување на секој кој и смета во реализација на својата агенда. Прва работа, да ја прашам Јоци, зошто не ми се обратиш мене за одговор туку тоа го бараш од Жерновски?

Јас сум државен службеник и мене ме обвинуваш за некој имот, но одговор бараш од друга личност. Зошто, затоа што тој ти е целта а не јас? Ако некој треба да одоговори на твоите обвинувања тоа сум јас, не тој.

Епа еве да ти одговорам на овие сплетки и лаги со кои ги залажуваш твоите следачи. Прво, јас имам приходи кои ми се уредно пријавени во УЈП и за кои имам платено данок. Тие приходи можеш слободно да ги истражиш, а јас сега јавно го повикувам УЈП да ти достави се што ти треба за твоето истражување. Тие приходи ми се од приватна дејност, остварени од 2010 година и немаат никаква врска со мојот ангажман во општина Центар.

Второ, единствен имот кој го имам на мое име куќата во Соње која како мизерен шпион си била да ја сликаш утринава и уште едно станче од 40 квадрати кое ми го остави дедо ми. Друг имот немам. Велиш дека е имот кој личи како да го поседува холивудски актер? Па Јоци ти немаш гледано доволно филмови изгледа, куќата е многу далеку од тоа. Згора на се лажеш дека има базен а нема базен. Каква холивудска куќа е тоа без базен!

И трето, куќата е купена заедно со мојата сестра, која парите од продажба на нејзиниот стан ги инвестираше во оваа куќа. Таа замина за Германија и во куќата инвестирше за да живее тука кога ќе се врати. Еве малку приватни пикантерии од мојот живот, те интересираат сигурно. Парите од продажбата на станот таа уредно ги уплатеи на мојата сметка за што имам платено данок, а јас потоа започнав со градба на куќата. Слободно и тоа провери го и достави целосни инфомации, а не да ги лажеш твоите следачи.

За крај, новинар беше порано нели? Зошто не се јави да си ги потврдиш информациите? Зошто не истражи до крај како што тоа го прават профсионалните новинари? Тебе те интересира само да го оцрниш Жерновски и не бираш средства и начин како тоа да го направиш. За кого одработуваш и за кои интереси, тоа не ме интересира. Но јавноста мора да ја знае вистината за твојата наводна борба за правда. Ти стојам на располагање за инфомрации, но немој веќе подмолно на Фејбук да ме злоупотребуваш за да се пресметуваш со Жерновски. Ниско е.
Ве молам нека и го постира некој коментарот на Јоци на нејзиниот пост, јас не можам тоа да го направам.

Фејсбук статус на Горан Ефремовски