Јасминка Ангелова: Градоначалнику Коневски крајно време е да го опремите најпатриотското училиште во општината!

0
235

На мојот јавен повик, пред два месеци, градоначалникот Ивица Коневски одржа трибини во повеќето основни училишта во општина Аеродром, само во нашево, воопшто не се ни појави! На една од трибините ( дали во „Ѓорѓи Пулевски“ или „Блаже Конески“) му било укажано дека родителите сами ги опремуваат училниците и градоначалникот бил зачуден од ваквата информација затоа што опремувањето за училишните потреби е обврска на Општината и веднаш забранил да се собираат пари за оваа намена. Еве повторно апелирам!!!

На 30.10.2015 година (петок) со почеток во 16:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе одржите 42-та седница на Советот на Општината, со Предлог-План за измена на Планот за јавни набавки на ОА за 2015 година.

Затоа градоначалнику, имате два дена да дојдете во основното училиште „Александар Македонски“ и да разговарате со директорката Слаѓана Настовска за сите потреби на учениците во училниците: нема завеси, нема принтер во училиштето, нема ЦД плеер, нема хартија за копирање, нема средства за лична хигиена…

Директорката Настовска, досега беше должна да ве извести за сите недостатоци во училиштето, наместо, преку наставничките односно загрижените родители да иницираат собирање на парични средства за овие намени, а сѐ во интерес на нашите деца и нивните потреби… Ова важи за сите ученици без разлика дали се во класична настава или во дневен престој бидејќи се работело за заеднички потреби!!!

И покрај известувањата во училишните фб групи, нема потреба од разбирање, затоа што Општината беше должна досега да го обезбеди сето ова!

Повторно ќе повторам, воопшто не е проблем паричниот износ што ќе го дадеме за нашето уставно загарантирано бесплатно основно образование. Катастрофален проблем е затајувањето и кратењето на буџетот на Општината кај основните детски права за нормални животни и училишни услови во нивниот втор Дом.

Училиштето со најпатриотското име во општината е изградено и отворено во септември 2013 година, со вкупно 13 училници и 5 кабинети и зарем е некаков проблем да ги опремите?!

Благодарение на вашата градоначалничка иницијатива, ова е единственото основно училиште во Македонија каде секојдневно се интонира државната химна. Обезбедете им на учениците основни човечки услови за училишен престој. Обезбедете завеси во училиштето, наместо војнички да ни ги строите децата!

Патриотизмот не се гради со ваква присилна практика, туку пред сѐ, со личен пример на родителите со разни активности за подобра и посреќна иднина во Татковината!!!

Градоначалнику Коневски, во најурбаниот РЦ Аеродром не ни требаат 4 – те, веќе смрзнати егзотични палми, треба да ги обезбедите уставно загарантираните бесплатни училишни потреби на нашите деца…Ни треба вистински татко на Општината, а не егзотичен модел за фотографирање!!!

Фејсбук статус на Јасминка Ангелова