Јанчовски : Моментално во Македонија се останати само бавните, мрзливите, некадарните, неработниците

0
526

Статус на Тихомир Јанчовски: ,,Мојот народ исчезнува. Луѓето што го зборуваат мојот јазик – ги снемува. Бројот на тие што умираат е поголем од бројот на родените, а и од оние што останаа многумина се иселуваат решени да заборават кои се и од каде се. Така им е полесно.

Ако се погледне големата слика, и шумата место дрвјата, сеедно е дали на власт е едната или другата партија, кој е премиер или претседател, и каква е политиката – оти умирањето продолжува, и никој не мрда ни со прст ни со мисла да ја запре чумата. И не е само мојот народ, истото е и со соседите…