Јанева: Не сум наредила претрес на обвинителите, се работи за недоразбирање

0
247

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева тврди дека не издала наредба за претрес на обвинителката Фатиме Фетаи и на другите обвинители.

– Не е точно дека сум издала таква наредба, се работи за недоразбирање. Не сум расположена за повеќе разговор – изјавила Јанева за А1он.

Инаку, Јанева во вторник во Одделот на ЈО за гонење на организиран криминал и корупција треба да сведочи во случајот „Рекет“.