Ѕвездите на Челзи се вртат против Мурињо

0
190

Кризата која од почетокот на сезоната го тресе англискиот шампион добива нови размери, откако медиумите открија дека играчите му подготвуваат бунт на менаџерот Жозе Мурињо.

murinjo

Челзи, од почетокот на сезоната на 11 натпревари забележа само две победи, а во потезите кои во последните две недели ги влече Мурињо, нема никаква логика.

Португалецот, на почетокот на неделата, пред мечот со Порто, изјави дека во неговиот тим нема недоприливи играчи и дека доколку во текот на сезоната увиди дека е невозможно да се освои некој трофеј тогаш шанса ќе им даде на помладите играчи.

Но по мечот со Порто на кој Челзи загуби со 2:1, Мурињо дополнително ги кренал тензиите во екипата. Како што шпекулираат англиските медиуми, на првиот тренинг по поразот во Порто тој за лошите резултати ги посочил Србите Ивановиќ и Матиќ, Шпанецот Аспиликуета и Бразилецот Оскар, во оваа група сигурно според Мурињо спаѓа и Тери кој одамна го загуби своето место во стартниот состав.

Наводно Мурињо на Матиќ му рекол дека премногу ја ‘дави’ топката, на Аспиликуета дека веќе не го преселил на клупата само поради тоа што нема адекватна замена на левата бековска позиција, дека Ивановиќ ќе се пресели на клупата на наредниот меч со Саутемптон, додека Оскар слично како и Тери веќе го загуби местото во првите единаесет.

Британските медиуми одат и чекор подалеку со дополнителна шпекулација дека Ивановиќ, кој неколку години важаше за столб во одбраната, намерно го саботира Мурињо бидејќи ја избркал од екипата докторката Ева Карнеиро. Наводно Ивановиќ и докторката Карнеиро биле во врска.

Од друга страна „Спацијалниот“ ги поштедил од критики Фабрегас, Дијего Коста, Азар и Педро.