Ѓунер Исмаил: Министеркана Томовска – Арсовска како инструиран ИСИЛ-самоубиец се натопори, со ништо непредизвикана, да биде високо рангиран соучесник/соработник на злосторничкото здружение!

0
804

Ај ово Курц-ов што не го читал извештајот на Прибе, можам и да го разберам, млад е. А и нас нервозите со Курц-ови, Хан-ови и сл. уште бајаги време ќе ни следат “у року службе“, бидејќи кашата во која што сме, сами си ја создадовме, со чинење или НЕчинење, кој каква страна сака нека си одбере.

Ама онаја министеркана Томовска-Арсовска никако не ја разбирам. Ем го прочитала, ем го разбрала Извештајот и не само тој, туку и многу други, небаре е некој инструиран ИСИЛ-самоубиец се натопори, со ништо непредизвикана, да биде високо рангиран соучесник/соработник на злосторничкото здружение кое, според Извештајот, ја окупирало државата!

Нема друг одговор освен дека “отплаќа“ некаков бајаги голем долг кон фамилијата, отворено ставајќи се на страната на бандитите кои “ораат“ по администрацијата, училиштата, болниците, градинките и другите јавни установи, тероризирајќи ги вработените со списоци за учество на митинзи, за “сигурни гласачи“.

Ако и е планот дека УТРЕ ќе биде од оние кои ќе тврдат дека “не знаев“, “ме натераа“, “бев професионалец“ и слично, се излажала. Од ова место сакам да порачам, а ова нека биде и “допрен глас“, дека “отвореното писмо до ОБСЕ/ОДИХР, накитено со навреди кон Невладиниот сектор, а и опозицијата“ е позицја со која на бадитите им порачува: Терајте, тепајте, немајте гајле, Јас сум тука и ќе ве заштитам!

Тоа е, да не ја должам, КРИВИЧНО ДЕЛО за кое, да немате дилеми, во нашето ПОДОБРО УТРЕ ќе се застанува пред судски трибунал.

Ѓунер Исмаил, фејсбук статус