ШТО НАРОД ЛИ ЌЕ БЕВМЕ БЕ БРЕЕЕЕЈ! Вработена во Зоолошката градина колнета и исплукана оти укажала дека е забрането да се влегува кај жирафите!

0
281

Тина Мицковска, активист за правата на животните и портпарол во ЗОО Скопје, денес сподели непријатно искуство кое го доживеала од несовесен посетител и неговата партнерка.

Имено, возрасен маж бил забележан како ја прерипал оградата и влегол кај жирафите. Откако Мицкоска го опоменала дека тоа е забрането и дека го доведува својот живот во опасност, тој дрско ја поттурнал со лакт, одвраќајќи и дека десет години работел како обезбедување и нема што таа да му кажува како да се однесува.

Но, вистинската драма започнала кога бил замолен да ја напушти Зоолошката градина. Тогаш на сцена стапила неговата партнерка, која истурила десетици клетви врз Мицковска, и на крај сочно ја плукнала.

Повеќе за оваа сторија ќе може да прочитате на ,,Фокус” ОВДЕ