Што да коментирам за Мицкоски, на дипломатите им кажува дека ќе го поддржи процесот и дека е конструктивен, рече Заев

0
1244

Што да коментирам за Мицкоски, го следев целиот настан вчера, од една страна на меѓународната заедница и на дипломатите им кажува колку е конструктивен и дека ќе го поддржи процесот, дека ќе направи новина во финалната фаза, рече премиерот Зоран Заев, коментирајќи го тоа што ВМРО-ДПМНЕ одлучи да ја бојкотира последната фаза од уставните промени, и тоа што лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, им се придружи на демонстрантите пред Собрание.

-Тој вчера повика на отпор, а не на протест и ја покажа патеката за приклучување на протестот. Што и да прават нанесуваат само штета. Кога човек нема став  тоа е штетно за мала политичка партија, но е катастрофално за голема. Мицкоски влегува од еден во друг проблем. Секоја закана, секое ширење омраза е недозволено и очекувам МВР да го санкционира. Не само што не и помага на Македонија, туку вградува катастрофални последици кои оставаат трага. Ваква неодговорна политика не сум очекувал од ваква политичка партија, веројатно затоа се вакви состојбите во ВМРО-ДПМНЕ – рече Заев.