ШТАМА ВО СУДНИЦА: Полицијата им давала упатства на насилниците како да ја нападнат општината, тврди сведок за „Насилство во Центар“

0
817

Во новиот Кривичен суд денеска сос сослушвање сведоци продолжи судењето за предметот „Насилство во Центар“ на СЈО.

На прашања на обвинителката Фатиме Фетаи одговараше Цветaнка Симоновска, советничка на СДСМ во општина Центар во периодот кога се случија насилствата во општинската барака.

Симоновска кажа дека за време на седница на Советот толпа луѓе извикувале погрдни зборови со закани кон советниците на СДСМ. Симоновска забалежала дека кога и да прозборел претседателот на Советот Мирослав Шиповиќ, советничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова ѕвонела на мобилен телефон. Според сведокот, тоа било организиран напад, а целта била да се тргнат четирите точки на седницата на Советот за урбанистички планови во Центар.

За време на седницата толпата ги скршила прозорците при што  била повредена една советничка. Симоновска се присети дека демонстрантите имале две сирени кои не знаеле како да ги употребат, но со помош на полицијата тие успеале да ги активираат и да направат бука.

Слушале закани дека ќе бидат запалени и дека живи нема да излезат, како и други погрдни зборови.

Фетаи ја праша советниката што извикувала толпата, а Симоновска рече дека и е  срам да каже, но на инсистирање на обвинителката рече дека господинот кој ги спуштил пантолоните покажувајќи го половиот орган извикувал погрдни зборови.

Сведокот која е и инженер архитект, рече и дека ставањето вон сила на планот за малиот ринг во Центар не предвидувал уривање на црквата Св. Констанин и Елена.

Во предметот „Наслство во Центар“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и уште девет лица.

Тие се товарат за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред општина Центар во јуни 2013 година.

На претходните рочишта за овој предмет, вина признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски и добија условни казни. За седмообвинетиот Димче Крстев, пак, се води одвоена постапка