ШОК ЗА ПУТИНИСТИТЕ ВО ВМРО-ДПМНЕ И ЗА МИРКА : Во Советот на Европа Македонија преку режимскиот подлизурко Александар Николовски гласаше за одземање на правото на глас на Русија СО ШТО МУ РОКНА НОЖ ВО ГРБ НА ПУТИН!

0
1809

Александар Николоски, член на ВМРО-ДПМНЕ и делегат во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) гласаше за повторно оспорување на акредитациите на руската делегација.

mkd-173185

Ова е првпат Македонија официјално да го искаже ставот за воведените санкци од ЕУ и САД кон Русија по настаните во Украина. Одземањето на правото на глас на руската делегација во ПССЕ е дел од тие санкции. Членови на таа делегација се на листата на руски државјани на кои им е забранет влезот во земјите членки на ЕУ и САД. Досега, и покрај притисоците од западноевропските дипломати, Македонија не се приклучи кон земјите кои ги воведоа санкциите против Русија. Трговијата со Русија досега одеше без никакви пречки.

Другите двајца членови на ПССЕ од Македонија, Влатко Ѓорчев и Ермира Мехмети не присуствуваа на вчерашната седница.

Во изјавата за МКД.МК Александар Николоски вели дека акредитациите на руската делегација се одземени уште на минатогодишната априлска сесија на ПС на Совет на Европа на предлог на британскиот пратеник Роберт Волтер.

Парламентарното собрание на Советот на Европа одржува 4 сесии годишно – јануари, април, јуни и октомври.

Според правилата, акредитациите беа повторно оспорени на почетокот на јануарската сесија, повторно на иницијатива на пратеникот Волтер. ПССЕ побара од Мониторинг комитетот да изготви резолуција по однос на ова прашање. До разгледувањето на резолуцијата, акредитациите беа вратени на руската делегација и пратенициите имаа право на глас во првите три, од вкупно пет дена работа на сесијата. Истата беше изработена од претседателот на Мониторинг комитетот Штефан Шенах. Во неа се опишуваат состојбите во Украина, Крим, како и состојбата со пратеничката од Украина Надја Шевченко која е член на ПССЕ, а се наоѓа во затвор во Русија. Првичниот предлог беше акредитациите да бидат одземени до јануари 2016 година, но се постигна компромис истото да биде до следната сесија на ПССЕ која е во април. Значи излегува дека акредитациите се одземени само за преостанатите два дена од оваа сесија. Основно барање е да биде ослободена пратеничката Шевченко. Компромисот беше на предлог на Европската народна партија, а беше прифатен со широка согласност. Јас како пратеник на ВМРО ДПМНЕ сум член на Европската народна партија. Во ПССЕ најчесто став се зазема по партиски групи, а не по земји членки. Така што ова е ставот на Европската народна партија со кој се согласија и Групата на европски демократи, Групата на социјалистите и Групата на либералите. Останува во април да се разгледа повторно ситуацијата. Инаку постоеја радикални предлози кои доаѓаа и од различни пратеници, но истите не беа прифатени“, вели Николоски.

mkd-173184

На ова решение, шефот на руската делегација Алексеј Пушков одговорил со едногодишно повлекување на Русија од ПССЕ.

ПССЕ бара од Москва да ја укине „нелегалната анексија“ на Крим, да спроведе транспарентна истрага за случаите на смрт и исчезнувања, кршења на човековите права „од страна на полицијата и оружените (милитаризирани) сили“ во тој регион.

Руските агенции пренесуваат и дека бил отфрлен амандманот на членката на украинската делегација Ирина Герашченко самопрогласените Доњецка и Луганска Народна Република да бидат прогласени за терористички организации.

Извор : МКД.МК