ШОКАНТНО ПРИЗНАНИЕ НА БРИТАНСКАТА АКТЕРКА ШАРЛОТ КИРК : За да ги добијам главните улоги, морав да се плескам!

0
482

Британската глумица Шарлот Кирк призна дека повеќето улоги ги добила „преку кревет“, но затоа што таа така сакала.

Џејмс Пакер, милијардер и поранешнo мoмчe на Мараја Кери, во една пригода ѝ испратил на Шарлот СМС-порака со содржина: „Дојди веднаш во хотелот ‘Бел ер’. Имам животна шанса за тебе, нема да можеш никогаш да му се оддолжиш. Ќе те запознаам со најважниот човек кој некогаш би го сретнала“.

Шарлот тогаш имала 21 година и веднаш дошла во хотелот каде што се сретнала со Кевин Цуџихара, челникот на студиото „Ворнер брос”. Таму два часа имала секс со него, пишува „Дејли мејл”.

Цуџихара сега е под истрага за тој скандал и мораше јавно да им се извини на вработените, сопругата и на целата индустрија. Во текот на процесот објавени се и негови преписки.

Шарлот, пак, го брани својот пријател и вели дека неколкупати била со него бидејќи така сакала. На тој начин на соработка, преку секс, таа ги добила улогите во филмовите „Човек во сенка”, „Оушновите 8″ и други.