ШОКАНТНО ВИДЕО: Полицаец подмолно го удира новинарот на Плусинфо, Горан Наумовски!

0
253

goran.tepanНа ова видео, во последните секунди од записот, јасно се гледа како припадник на МВР од ЕБР, подмолно, од зад грб, без никаква причина го удира новинарот на Плусинфо, Горан Наумовски, објави порталот.

Од целата снимка се гледа дека Наумовски не прави ништо за да предизвика интервенција на полицијата, туку само снима со својот мобилен телефон во текот на известувањето од протестите пред Министерството за правда.

Од „Плусинфо“ очекуваат  министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и соодветните служби во МВР итно да откријат кој е припадникот на МВР што без причина го нападна и го повреди новинарот на Плусинфо и да спроведат соодветни правни дејствија против него.

Видеото може да го погледнете ОВДЕ