ШОКАНТНО ВИДЕО НА СДСМ СО ПЕТ ФАКТИ ЗА АВТОПАТОТ КИЧЕВО-ОХРИД : АПАШИТЕ ГРУЕВЦИ ЗДИПЛИЛЕ 441 МИЛИОНИ ЕВРА КРЕДИТ И НЕ ГО ДОВРШИЛЕ АВТОПАТОТ!

0
3247

Пет факти за автопатот Кичево – Охрид, наследство од криминалното владеење на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ

Владеењето на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ беше симбол за корупција, криминал и неспособност, а автопатот Кичево – Охрид е наследство од тоа криминалното владеење.

Околу овој проект кој граѓаните ги чинеше дополнителни стотици милиони евра, јавноста знае најмалку пет факти што го докажуваат обемот на штета направен заради остварување на криминалните интереси на Груевски.

Владата на СДСМ ги санираше штетите од криминалното владеење и ги реши проблемите за овој автопат да биде завршен во интерес на граѓаните.

Факт број еден: Владата предводена од носителот на криминалот Никола Груевски зела кредит од 411 милиони евра за изградба на автопатот Кичево – Охрид. Иако кредитот е земен, а парите потрошени автопатот, не е направен.

Факт број два: Владата предводена од СДСМ со автопатот Кичево – Охрид беше исправена пред две можности: Прво, автопатот да не се доправи, кредитот од 411 милиони евра да се исплати на штета на Буџетот на Република Македонија и воопшто да нема автопат и второ, автопатот да се доправи со дополнителни пари за да нема непоправлива штета за Буџетот и за граѓаните.

Факт број три: Доколку изградбата продолжеше по условите што ги договорила претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, потребни ќе беа дополнителни 282 милиони евра.

Факт број четири: Владата предводена од СДСМ преку одговорен и домаќински пристап ја спушта цената на дополнителните трошоци на 187 милиони евра, односно заштедува 95 милиони евра пари на граѓаните.

Факт број пет: За криминалниот договор за автопатот отворен е случајот „Траекторија“ за проневера на 155 милиони евра народни пари, а меѓу осомничените се носителот на криминалот Никола Груевски и неговата десна рака Миле Јанакиески.

Додека Христијан Мицкоски го брани криминалот на неговиот ментор, Владата предводена од СДСМ ги санира штетите од криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски и продолжува да спроведува мерки што обезбедуваат развој на инфраструктурата, економски раст и повисок животен стандард на сите граѓани.

Автопатот Кичево – Охрид ќе биде изграден, правда и одговорност за сторените дела мора да има.