ШОКАНТНО ВИДЕО : ЕКС БОДИГАРДОТ НА САШО МИЈАЛКОВ, АЛЕН ЗЕКИРОВ ВОЗИ СО 211Km/h на Илинденска?!

0
850

Ален Зекиров, поранешен телохранител на директорот на УБК,  на својот профил на Инстаграм објавил видео снимено во автомобил на булеварот Илинденска во Скопје, како „шиба“ со 200 км/ч.

Откако видеото во текот на денов беше споделено на Фејсбук со многу негативни реакции, Зекиров веднаш го избриша од неговиот инстаграм профил, но тоа во меѓувреме беше зачувано од други корисници.

Ова не е прво дивеење на Ален Зекиров, тој во 2014 година беше осуден на шест месеци затвор за сообраќајката во која со мотор удри во скопјанецот Симо Серафимовски, кој почина на лице место, во 2009 година на булеварот Партизански одреди.