ШОКАНТНО – Бате Саше му дава сугестии на Емил Стојменов : Да му ја СКИНЕТЕ ГЛАВАТА има време, да му ја скинете за некој ден – Мијалков : Не бе не, тој не е битен, тој ќе го УТЕПАМЕ на крај!

0
264

Mijalkov

Разговор помеѓу Емил Стојменов и Сашо Мијалков

СМ: Кажи ми ти, се виде со брат ти?
ЕМ: Да, да, да, да.
СМ: И?
ЕМ: Да, сега проверуваме. Веќе имаме сумља на тој еден што би можело да го прави сето тоа.
СМ: Значи не е упознат со оваа работа?
ЕМ: Не, не, не. Нема појма, ништо не знае апсолутно. Паднат е у несвест.
СМ: Добро. Него види, како сега тоа да се канализира, уствари тој да не дознае сега, значи.
ЕМ: Нема, нема.
СМ: А кога ќе дојдат овие, да бидат упатени на правото место.
ЕМ: Е па тоа. Сега знаеш што, правото место за да го најдеме, ако кажеме само тоа е местото и ако кажеме одете само таму да не посумљаат, ме разбираш. Пошто…
СМ: Како?
ЕМ: Викам, ако е местото таму какво што е. И во самото тоа место има некоја просторија, така. Ако кажеме дека само таа просторија е слобдона, да не посумља некој. Треба да кажеме точно во која просторија и како би било тоа. И до вечер ќе ги дознаеме смените, ќе ги видиме и листите, ќе дознаеме све. И утре има, тој што го сумљаме дека ги прави тие работи, на втора смена утре, од 8 саат. И од 8 саат ќе има нешто празно, и сега да направиме тука намештаљка.
СМ: Аха.
ЕМ: Разбираш?
СМ: Добро.
ЕМ: Ама ќе ти се јавам јас, да дадеш некои со кој-како…
СМ: Што значи вие сега не му викате, да му ја скинете главата има време, да му ја скинете за некој ден.
ЕМ: Не бе не, тој не е битен. Тој ќе го утепаме на крај.
СМ: На крај, тоа е лесна работа.
ЕМ: Битно е ова што го зборевме. Да, тоа е лесна работа. Тој не ни е на нас битен.
СМ: Да.
ЕМ: Битно ни е ова, како да дознаеме…
СМ: Е па ти ако можеш, види вака. Ако се сомневаш на него, дај ми кој е тој, име и телефонски број негов.
ЕМ: Добро. Е одлично.
СМ: Сигурно имате вие тоа.
ЕМ: Да, да, да.
СМ: Е па дај ми.
ЕМ: Ќе го соберам и ќе ти пратам на СМС, добро?
СМ: Ајде, ај, прати ми.
ЕМ: Ајде. Ѕирни го ова на мејлот, молим те.
СМ: Ќе го ѕирнам. Ајде.
ЕМ: Ајде, чао.