ШОКАНТНА ОДЛУКА НА СОВЕТОТ ЗА ЕТИКА ВО МЕДИУМИ : Советот за етика во медиумите застана позади пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ на уредничката од Канал 5 Лидија Богатинова

0
423

Оваа историски скандалозна и шокантна одлука на “Советот за етика во медиумите” е донесена откако главната уредничка на ,,Канал 5″ Лидија Богатинова за време на гостувањето на Васко Ефтов на една дебатна емисија во телевизијата ги прекрши сите новинарски правила, кодекси и членови на етичко и професионално водење на дебатни емисии но и како главен одговорен урединк на еден медиум со национална концесија а потоа поднесе жалба до советот за етика во медиуми за моја лична наводна навреда на нејзиниот величествен, невиден, мегаломански, вселенски углед.

Лидија Богатинова со својата појава на емисијата со Васко Ефтов не само што заборави дека е новинар и уредник на телевизија со национална концесија туку започна да се однесува како чист партиски медумски портпарол на ДПМНЕ од кој целата емисија наместо да биде сведена на прашања и барања одговори од страна на уредничката се сведе на прејудицирање на тезите на Ефтов и плукање по опозицијата. ДНООООООООО БРЕ ДНООООООООО!!!!!!!!!!!!!!!!

Значи внимавајте добро, телевизијата со национална концесија ,,Канал 5″ одработува партиска пропаганда на ВМРО-ДПМНЕ и тоа директно со признание на сопственикот  на  Канал 5 Емил Стојменов во снимките објавени од опозицијата како совет не реагираат, не ги санкционираат за не етичко објавување и тоа не им пречи, не им пречи што во Канал 5 се гаснела струја по нарачка на власта за да се задоволат одредени партиски апетити на ДПМНЕ, не им пречи тоа што Богатинова и Ефтов се расфрлаат со анти-опозициски неизбалансирани тези без никакви аргументи ама им пречи тоа што уредникот на Народен Глас го цитирал уредникот на Сител за Куртон пропагандата и го уфрлил тоа во насловот на дебатата која Богатинова главната уредничка на КУРТОН телевизијата на Стојменов – Канал 5 ?!?!?!

Разбираат ли таму во тоа Советот за етика во медиуми дека на Груевски и неговите медиумски послушници како Богатинова им одговараат кога другите новинари ги почитуваат новинарските кодекси, реториката, чувањето на достоинството на својата професија, солидарност и другите членови од новинарскиот кодекс на однесување затоа што истите од кој едниот како премиер а другата како медиумски послушник на власта го кршат се она кое го содржи зборот етика и професионално новинарство, однесување итн?!?!  Разбирате ли таму во тоа советот дека Богатинова и Канал 5 на својот медиум никогаш не пренесуваат втора страна , со други зборови таму има само уредничка која што е полтрон на власта која конструира мрежа по теркот на владата и сега го бара зборот етика, зборот кој никогаш не го содржела и не го разбирала а вие носите одлука против 2 порталчиња кој во наслов ја “навредиле угледната уредничка”?! Скандалозно бре!!! Алооооооооо!!!

Разбираат ли дека токму овие за кои сега нас од помалите портали не жигосуваат НЕФЕР им прават само услуга??!?! Знаат ли дека токму овие уредници кои се жалат од нас за некоја си не етичка реторика на нашите медиуми дека токму тие со нивното однесување на нивните телевизии како уредници и пред се како новинари газат и брутално ја силуваат новинарската професија?!?!?! Неверојатна одлука на советот за етика во медиумите, како бре не ви е срам?!?!

Разбирате ли таму во тоа советот што правите и каква одлука носите?!?!?! Шокиран сум од вас како совет, шокиран сум како по 10 години автократија во Македонија не ги препознавате основните начела на провладината пропаганда, шокиран сум како досега не свативте со вашите празни лејки со кого имате работа!! Барам како одговорен уредник на порталот Народен Глас советот да се изјасни дали Лидија Богатинова не го прекршила кодексот на новинари?

За срамота и брука, иако знаам кои новинарки и новинари гласале против оваа перверзна одлука само верувајте, кога ќе дојде ќе ве потсетам на оваа скандалозна одлука бидејќи секое “етичко” однесување од вас само им правите услуга на прорежимските новинари и медиуми, тие тоа го сакаат, тие сакаат новинарите да одат по правилата и кодексите бидејќи истите овие ги газат и кршат!

Јас како главен и одговорен уредник искрено сметам дека во Советот за етика на медиуми сеуште немаат појма со каков шлајм фатиле работа се додека овие не ги наполнат затворите со критички настроени новинари кон власта!

Имено еве го срамното и ненормално однесување на уредничката на Канал 5 за кое советот за етика во медиуми изгласа срамна и перверзна одлука во нејзина корист :

Рубин Иваноски