Шилегов: Темата со двојазичноста е спин на ВМРО-ДПМНЕ

0
163

Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов денеска беше во ТИРЗ зоната Радовиш каде пред две години тогашниот премиер Никола Груевски најави дека ќе биде отворена нова инвестиција за која тој фрли лопата за камен теленик, но денес на тоа место има само празна ливада.

При оваа прилика на Шилегов му беше поставено прашањето како ја коментира темата со двојазичноста што ВМРО-ДПМНЕ ја пласира во јавноста, на што тој одговори дека тоа е регулирано со Устав.

-Темата за двојазичност е спин на пропагандистичката куќа на ВМРО ДПМНЕ. Прашањето за употребата на јазиците е регулирано со Уставот, е регулирано со Законот, кој токму ВМРО ДПМНЕ и ДУИ го донесоа во Собранието, рече Шилегов.