Шилегов на ФБ:Го канам Груевски рака под рака да одиме во оптичарата каде ги купил очилата

0
260

11780514_10153114592147672_1941633433_n

Во јавноста се разви дускусија околу тоа дали очилата за сонце со кои е сликан Никола Груевски во Израел се уникатни и чинат 60.000 долари или се купени по вообичаена цена. Го пренесуваме фејбук статутот на Петре Шилегов, портпарол на СДСМ на оваа тема.

„Јавно го предизвикувам Никола Груевски, кога ќе се прибере од Израел, заедно, рака под рака (може и без обезбедувањето, јас гарантирам за неговата безбедност) да одиме до оптичарата во Скопје каде ги има купено наочарите за сонце.

Ако се со “просечна цена” како што тврди Владата, јас купувам еден пар и ги поклонувам на првиот случаен минувач. Чекам да се вратиш Никола ..“, пишува Шилегов.