Шилегов: Институциите да не помислат да работат против граѓаните!

0
349
Порачуваме на државните институции да не помислат да подлегнат на притисоците што се обидува да им ги прави исплашениот Никола Груевски во последните денови на ВМРО-ДПМНЕ. Никола Груевски и криминалната власт се веќе минато. Мнозинството граѓани на Македонија избраа промени. Доаѓа нова одговорна Влада на граѓаните на Република Македонија.
Ќе има одговорност за сите кои работеле против интересите на граѓаните или биле соучесници на режимот во противзаконски, непрофесионални активности. Оттука укажуваме посебно на членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата и на вработените во Управата за финанскиско разузнавање дека не смеат да бидат инструмент на Груевски и соработниците кои за лични интереси сакаат да се пресметуваат со демократската јавност.
Според информациите што ги имаме, по иницијатива на сегашниот директор на УБК, поранешен директор на Управата за финансиско разузнавање, Владимир Атанасовски, Антикорупциската комисија побарала проверки за 22 невладини организации.
Управата за финансиско разузнавање според информациите отворила проверки за 22 невладини организации. Отворени се проверки и за 42 физички лица, отворени критичари на владеењето на Груевски и опозиционери. Времето на политичари како Никола Груевски заврши. А во Македонија мора да има и ќе има одговорни институции кои се должни по закон и Устав да работат исклучуви во служба на граѓаните.
Демократските процеси се почнати. Доаѓа слобода и живот за граѓаните. Никој тоа не може повеќе да го спречи.