Шефот на изборен штаб на СДСМ, Кирацовски се обрати до јавноста преку фејсбук статус : Како шеф на изборниот штаб на Пендаровски, сакам да изразам благодарност за довербата која заедно со сите кои беа вклучени во кампањата, ја заокруживме со победа!

0
367

Почитувани граѓани, драги пријатели,

Ви честитам за изборот за претседател на државата на успешни, фер и демократски избори!

Стево Пендаровски ќе биде достоинствен претставник на сите граѓани и нашата татковина. Тој ја заслужи големата поддршка, а ние, по 10 години девалвација на претседателската функцијата, заслужуваме враќање на нејзиниот дигнитет.

Со Стево, заедно напред, продолжуваме кон новите предизвици на патот кон евро-атланските интеграции, каде што и вредносно и цивилизациски припаѓаме.
За време на неговото претседателствување, нашата држава ќе ги затекне историски важните моменти кои се плод на нашата децениска заложба како држава.

Како шеф на изборниот штаб на Пендаровски, сакам да изразам благодарност за довербата која заедно со сите кои беа вклучени во кампањата, ја заокруживме со победа.

Сакам да изразам благодарност до сите членови на Изборниот штаб, до коалициските партнери, до сите регионални координатори, до шефовите на општинските штабови, до членовите на СДСМ и членството на вклучените политички партии, до истакнатите функционери кои дадоа придонес и, секако, благодарност до Зоран Заев, кој претставуваше ѕвезда-водилка и сила која ја влечеше изборната кампања, која овој пат беше организирана стриктно и длабоко врз основа на актуелните политичко-општествени состојби и аспекти.

Ова беа мошне специфични избори.
Првенствено затоа што беа само претседателски, без „помош“ од локални или парламентарни избори.
Потоа, затоа што граѓаните се уморни од избори на помалку од две години, а ако на сето тоа ги додадеме и реалните проблеми, општествени и лични, од локална или централна природа, тешкотијата за водењето на кампањата, се удвојува.
Но, сепак, имајќи го предвид квалитетот на нашиот кандидат и спроведената стратегија, успехот беше неминовен!

Првиот круг на изборите на површина извади одредени слабости на нашето општествено и партиско делување, за кое граѓаните ни испратија соодветна порака, за што сме им благодарни. Пораката сериозно ја сфативме и стана наша мисија за време на вториот изборен круг.

Изборниот резултат од првиот круг сите нас нè направи со изострен поглед кон реалноста, поскромни, но и поенергични, помотивирани со фокус на максимализирање на поддршката од граѓаните за кои постоиме.

Нема да ги коментирам одредените „квази удбашки напади (во обид)“ за време на екот на кампањата, во стилот на „100 пати повторена лага, станува вистина“, затоа што не e поголема од самата вистина, која секогаш, ама баш секогаш, излегува на површина.

Како и да е, следи сериозна и длабинска анализа и подобрување на работата на секое општествено поле, но и во интра-партиското делување.
Ќе има партиски ред и поредок во интерес на членството, а ќе следи и институционално рекомпонирање, во интерес на граѓаните, кое соодветно и без потреба од „ургенции“ ќе ги решава нивните барања и проблеми.

Веднаш, без одмор, ќе се сретнеме со секој граѓанин, со секој член, со сите кои имаат добра идеја, проблем или некоја мака и со засукани ракави, беспоговорно, ќе се построиме кон мисијата да помогнеме.
Тоа е нашата работа, затоа сме избрани и поставени!

Граѓаните ни подадоа рака и со сите нас продолжија ЗАЕДНО НАПРЕД кон подобра, заедничка иднина која одамна ја заслужуваме и ние и нашите поколенија!

Уште еднаш, нека е честит изборот на Стево Пендаровски за претседател на нашата Македонија!

Александар Кирацовски – Кирац, пратеник, генерален секретар на СДСМ и шеф на изборниот штаб на Стево Пендаровски