Шекеринска: Ќе ја тужам „Република“ за нејзините лаги, затоа што реакции до нив се непотребни и залудни

0
136

Фејсбук статус на министерката за одбрана Радмила Шекеринска:

Ќе ја тужам “Република” за нејзините лаги, затоа што реакции до нив се непотребни и залудни. Сите знаеме дека, со секој од своите непотпишани текстови, си одработува за своите “непознати” газди.

Газдите ни ја крадеа државата, тие, пак, имаа задача да ја лажат. Лажат и манипулираат со јасна цел која ја гледаме на дело секој ден во судовите: да ги оневозможат, попречат или одложат сите постапки за криминалот, корупцијата и злоупотребите кои ги чувме во “бомбите” и видовме на дело претходните 10 години.

Создадоа мафијашка структура која одземаше фирми и уништуваше животи преку ноќ, која контролираше, уценуваше и плаќаше новинари, која знаеше само да потплаќа, купува и продава… и сега сака да избега од правдата и одговорноста. Што ќе прави? Истото тоа, но со повеќе лаги и повеќе пари.

Не успеаја досега. Нема ни сега!