Шекеринска се сретна со Могерини во Брисел

0
248

Заменик-претседателот на СДСМ, Радмила Шекеринска, остварила средба со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Унијата, Федерика Могерини во Брисел, информира а1он.мк.

R.Sekerinska-bTV-540x338

На средбата неофицијално станало збор за начините на решавање на длабоката политичка криза при што Шекеринска ги изнела позициите на опозицијата: создавање минимални услови за одржување на фер и демократски избори во транзицискиот период до април наредната година, што подразбира ослободување на институциите од партиската контрола наметната од Никола Груевски и неговите најблиски соработници. Шекринска и пренела на Могерини дека од тука се разумни аргументите дека е неопходно повлекување на Груевски шест месеци пред изборите.

Заменик-претседателката на СДСМ, при тоа, изразила задоволство од препораките содржани во извештајот на експертската група предводена од поранешниот директор на директоратот за проширување Рајнхард Прибе.