Чом помогни и на Македонија, замини во пензија, помина твоето време, не си свесен колкава штета правиш, лидерите на ВМРО ДПМНЕ обожаваат да гостуваат кај тебе затоа што знаат дека си дртав пес без заби

0
190

Чом е една голема непогода за Македонија во моментов. Мислам дека овие денови и лидерот на ИСИС, Ал Багдади ќе побара гостување во Топ Тема кај Чом. Мислам дека во овој момент човекот се обидува да воспостави врска од некоја пештера околу Рака, Сирија.

Чом беше очаен вечерва. Се кикоти се клешти се зафркава во лидерот на една терористичка мафијашка фашистичка организација, довчерашен режим, му поставува некакви равенки, му дозволува да го дрибла, да му бега од прашања, да се треска од земја, да си игра со него како со мало дете…

Постои голема причина зошто со толкава леснотија прифаќаат лидерите на ВМРО ДПМНЕ интервју во живо на тв со Чом, знаат дека некогашниот голем новинар е сега едно дрто сенилно беззабо куче кое не може да ги укаса да ги избламира да ги уништи да ги политички убие пред очите на цела јавност, куче кое само чека некој да му каже да си иде дома да си легне. Пошто очигледно него не му текнува и не му се оди дома, уште сака да биде во фокусот во жижата, ама не му држи газот, и затоа цената ја плаќа општеството, наместо лидери на терористички мафијашки стуктури д се масакрираат во тв спектакли кои ќе се раскажуваат ние имаме патетични интервјууа каде тие се промовираат себеси како некакви државници и големи капацитети…

Ова се на пример 10 работи кои Чом требаше и мораше да му ги постави и да го фати на лага копукот Мицковски:

1. Велиш дека не му дужиш никому ништо, па партијата ти ја дадоа на подарок, зарем мислиш дека тоа сите не го видовме?! Ќе верувавме дека не дужиш никому ништо ако победеше на реален конгрес со конкуренција па уште и ако беше во спротивен табор од доскорешното раководство па дојдеше во партијата како некој реформатор, а ти доаѓаш на готово, те седнаа на фотељата како учениче, и ти сега не убедуваш дека не дужиш никому ништо?

2. Како не ти е срам да бидеш лидер на едно ВМРО ДПМНЕ кое одбива да се огради од личности како Груевски, Мијалков, Јанакиевски, Чавков, Протуѓер, Јанкуловска итн, луѓе кои 10 години правеа ршум во земјата, крадеа, затвораа, уништуваа животи, креваа со динамит објекти, затвораа медиуми?!?!

3. Зошто сеуште го немаш осудено упадот во собрание и претепувањето на пратениците, сега сте вие опозиција, треба ли сега власта да организира таков упад и да ве скрши од ќотек и после да бара амнестија, откако претходно ќе се обиде да го забошоти случајот како што вие пробавте?!

4. Десет години како партија сте победувале на наместени избори, со кражби, со пропаганда со поткуп со сеење страв, со тие победи и вие сте биле директор, се гордеете ли со тоа?!

5. Ќе се ивините ли на македонскиот народ што седите во партиско седиште вредно 30 милиона евра пари украдени од граѓаните, ќе го вратите ли на граѓаните тоа седиште кое е добиено како подарок од фирма која има добиено 250 милиони евра тендери за Скопје 2014-та?!

6. Свесни ли сте дека се додека лично не се оградите од сите луѓе кои се оцрнети и извалкани и се додека не се извините за сите грешки, пљачки, претепувања, пропаганди, говори на омраза, манипулации итн итн никогаш нема да дојдете пак на власт и не треба пак да дојдете на власт?!

7. Се преставувате себеси како голем експерт од енергетиката, му бевте и советник на премиерот, зошто тогаш ја откажавте либерализацијата на струјата за малите и средни фирми и за граѓаните, зошто го оставивте монополот на ЕВН, зошто во РЕК се плаќало огромни суми за ископ кога можело за пола сума да се купат свои машини, зошто пробавте да како ЕЛЕМ градите парк за мајмуни во Аеродром а Македонија нема хидроцентрали нема свое производство, зошто и покрај толку ремонти во РЕК таму пак се случуваат хаварии, зошто со години Осломен и ТЕЦ Неготино ги држите на стенд бај а увезувате скапа струја, зошто досега не ги пренаменивте на друг енергенс, зошто ви пропаднаа сите тендери за хидроцентрали, зошто во цел свет операторите како ЕВН работат со 1-2% профит а само кај нас ЕВН има профит од 8 до 10%, зошто во регулаторната комисија седат луѓе без стручно искуство и образование во енергетиката туку политичари?!

8. Десет години бегавте како партија од интервјуа, ги казнувавте и тепавте новинарите, ги остававте на улица, треба ли сега сите тие медиуми и новинари да ве бојкотираат како казна за злоделото против нив во време на диктатурата?!

9. Зошто сте против законот за двојазичност, кога тој е финален дел од рамковниот договор, зошто сте лицемерни дека немате ништо против Албанците но сте против повеќе права за нив?!

10. Точно ли е дека имате свои мали хидроцентрали или пак во партнерство со други бизнисмени, вашето име се споменува во повеќе новинарски извештаи на 3-4 фирми каде сте еден од основачите а кои имаат мали хидроцентрали ширум земјава?

Но за овие прашања треба некој да седне и да се подготви, но старото дрто магаре Чом нити има веќе за тоа елан, нити енергија, нити амбиција, нити концентрација, нити новинарски рефлекс, он е како дедица што е среќен што го снимале внуците и што дошле да го видат…

За воља на вистината, голема вина во ова има и директорот Саки кој нема грам тв интелект да донесе нови лица кои ќе донесат енергија и динамика на Телма.

Пишува : Саше Ивановски, главен и одговорен уредник на порталот Мактел.Мк

СПОДЕЛИ