ЧИЧАКОВСКИ: ОД 226.000 СПОРНИ ЗАПИСИ, ЗА 71.000 ГЛАСАЧИ НЕМА НИКАКВА ЕВИДЕНЦИЈА

0
287

Државната изборна комисија (ДИК) е пред ново искушение, да ја доврши некомплетната проверка на Избирачкиот список, за која партиите со посредство на странските претставници во Македонија повторно преговараат. Претседателот Александар Чичаковски за САКАМДАКАЖАМ.МК наведува што според него треба да се направи за да се дојде до Избирачки список во кој граѓаните и сите политички партии ќе имаат доверба и ќе се отвори патот за спроведување на кредибилни избори.

На прашање на САКАМДАКАЖАМ.МК колкава бројка на спорни гласачи остана во избирачкиот список за која сега повторно ќе преговараат партиите, тој вели:

„Првата група се околу 71.000 лице, за кои при вкрстените проверки се утврди дека не се наоѓаат во ниту една база на институциите кои ги добивме.  Тие не се евидентирани дека некогаш користеле здравствена услуга, социјална заштита, немале трансфер на пари преку трансакциска сметка, ниту пак се евидентирани во пензискиот систем. Тоа се 71.000 лице, кои најверојатно се дијаспора, постари лица кои не се вклучени во системот на социјална и здравствена заштита, меѓутоа можеби се наоѓаат и лица чие избирачко право е спорно. Овие лица беа предмет на административни проверкии, ние добивме одговор за сите овие лица од МВР, меѓутоа јас тој одговор не го прифатив, бидејќи дописите кои ги добивавме не беа потпишувани согласно Законот за влада, а и од причина што и комисијата при МВР кои ги вршеше проверките во евиденцијата на МВР во извештајот, имаа внесено забелешки по однос на постапката и правниот основ за вадење на одредени лични документи. Затоа имав резерви, особено за лицата за кои постојат забелешки од административните проверки, како најсомнителната категорија која остана во Избирачкиот список по вкрстените и административните проверки“.

Целиот разговор ОВДЕ