Честитка од Помпео за Денот на независноста: Се радуваме што ќе ве дочекаме како 30. членка на НАТО

0
104

Американскиот државен секретар Мајк Помпео го честиташе Денот на независноста на Република Северна Македонија и изрази поддршка за евроатлантските интеграции.

-Во име на Владата на САД и американскиот народ, упатувам честитки до народот во Република Северна Македонија, по повод 28 години независност, наведува Мајк Помпео во честитката, соопшти Стејт департментот.

Тој го споменува како историски Договорот од Преспа и вели дека продолжува поддршката за Северна Македонија во нејзините аспирации за членство во НАТО и ЕУ.

-Вашата постојана посветеност на демократските принципи и владеење на правото придонесуваат не само за иднината на Република Северна Македонија, туку и за мирот и стабилноста во регионот. Се радуваме што ќе ве дочекаме како наша 30-та членка во НАТО, наведува Помпео.