Чауш доби 2,5 години затвор, една година за неговиот брат

0
129

Закир Беќири Чауш денеска е осуден на 2,5 години затвор и парична казна од 123.000 денари, а неговиот брат Имер на една година затвор и 61.500 денари за случајот „Лажни лични карти“.

До правосилност на пресудата, тие од денеска се пуштени на слобода.

Обвинителката Наташа Гочовска на вчерашните завршни зборови рече дека сослушаните сведоци и вешти лица и изведените материјални докази, недвосмислено ги потврдуваат делата кои им се ставаат на товар на обвинетите.

Чауш во својот завршен збор рече дека не се чувствува виновен.