Ципрас: Грција не може да се справи со мигрантите, Европа да биде солидарна

0
209

Грчкиот премиер Алексис Ципрас, денеска рече дека Грција не може да се справи со илјадниците мигранти кои доаѓаат на нејзините брегови, бидејќи нема доволно инфраструктура.

ципрас5-540x405

– Сега е време да видиме дали ЕУ е солидарна или секој во неа се обидува да ги заштити само своите граници”- рече грчкиот премиер.

Ова го изјави Ципрас, откако Агенцијата на ОН за бегалци (УНХЦР) ја повика Грција да се справи со илјадниците мигранти кои доаѓаат на островите не Егејско море.

Директорот на Агенцијата Винсент Чошетел, ги повика државите на ЕУ да го споделат бегалскиот товар со Грција.
Инаку, според УНХЦР, во Грција за само еден месес пристнаа 50 000 мигранти, а најчесто доаѓаат од од Сирија и Авганистан.