ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА МУ СЕ СМЕЕ НА ВИЛИПЧЕ ПРЕЦЕДАТЕЛО : Филип Петровски до сега собрал 1.325 потписи, зад него тројца кандидати кои заедно немаат ниту илјада!

0
364

Кандидатот за претседател на движењето „Македонија блокира“, Филип Петровски, до сега собрал 1.325 потписи, што е далеку од потребната бројка од 10.000 потписи за кандидатот да влезе во изборна кампања.

Зад него се тројца кандидати кои имаат пријвено листа во Државната изборна комисија. За генералот во пензија, Димче Петровски, до сега се потпишале 521 лице, за кандидатот Господин Поповски 23, додека Јосив Мирчевски има само 8 потписи, покажуваат најновите податоци на ДИК.

Рокот за собирање на потписи завршува утре. Партиските кандидати, кои веќе влегоа во трката, пак, успеаа да ги соберат потребните потписи во рок од неколку часа. Блерим Река има 11.693 потписи, Гордана Силјановска над 14.000, додека Стево Пендаровски, зад кој застанаа 31 партија од македонскиот и албанскиот политички блок, во рок од еден ден успеа да собере над 25.000 потписи.