Цела ден читам за Павле и неговата дрога, па, дозволете, ценет надркан- фејсбук-публикуме, да ви кажам и јас збор-два на таа тема

0
1724

Цела ден читам за “Павле и неговата дрога”. Па, дозволете, ценет надркан- фејсбук-публикуме, да ви кажам и јас збор-два на таа тема.

Имено, заради случајот “Павле и неговата дрога”, човек има впечаток дека овде живеат честити и безгрешни луѓе. А, наједноставно речено, се работи за кукавичко лицемерие и селско припичување.

За да ви биде појасно, ќе ви го речам следново. Тоа со “Павле и неговата дрога” не е наш ексклузивитет, и тоа не е ништо ново. Секаде на овој пропаднат свет постојат мноштво од креатури и паразити кои својата “честитост” и “праведност” ќе ја разоткриваат така што ќе дерат според маните на познатите личности. Ниче за тоа пишуваше на неколку феноменални страници.

Черчил, да речеме, без разлика што многу добри работи направи за Британија, му се замеруваше дека многу пие. Нешто за кое сер. Винстон нималку не обрнуваше внимание. Легендарен е неговиот одговор до некоја госпоѓа која му се лутела заради неговото пиење: госпоѓо, јас утре ќе отрезнам, а вие и понатаму ќе останете глупава.

Сакам да ви кажам. Македонец не можеш да го преебеш. Секогаш ќе најде шанса некого да растури. Македонче секогаш ќе најде можност да се повика на полиција. Мали им се платите, па секогаш ќе најдат некој што треба да го дерат. Денес е Павле. Утре ќе биде некој друг. А тие совршени како нагазна мина.

Фејсбук статус на Ненад Јованович.