ХУМАН ТРЕТМАН НА ПАЦИЕНТИ СО БОЛЕСТИ НА ОЧИТЕ ОД СТРАНА НА ОФТАЛМОЛОГИЈА ,,ДЕНИЦА”

0
724

Специјализираната Болница по офталмологија„Деница“, по повод 100 дена од своето работење, направи хуман гест и излезе во пресрет на пет пациенти кои побарале помош поради проблеми со видот, настанати од различни причини и болести на очите.

Иако болницата, сéуште, не склучила договор со Фондот за здравствено осигурување, четворицата пациенти се оперирани само со партиципација за операции кои чинат по околу две илјади и петстотини евра.

Р. И. е едниот од пациентите кај кој била утврдена дијагнозата – ретинопатија со крварења и одлепувања на задниот сегмент на окото- што предизвикува целосно губење на видот.

„Откако по неколку години барав да се оперирам во државното здравство бидејќи неможев да гледам на двете очи, дојдов во очната болница Деница. На моја огромна среќа го запознав доктор Наум Трпеноски, кој само со партиципација од 10 отсто, ме оперираше на двете очи. Немам зборови за мојата благодарност“ – изјави пациентот Р. И. за своето позитивно искуство.

Дел од тимот на професионалци на Деница, е и докторката Виолета Бучкоска, специјалист по офталмологија, која како експерт во хирургијата на задниот сегмент на окотот (ретина) ги изврши операциите на останатите пациенти: Б.Д, К.Ѓ, П.П и М.Б, меѓу кои и мајката на познатиот албански актер Генци Мирзо, кој на својот Фејсбук профил, исто така, напиша за огромното задоволство од хуманоста на тимот на болницата Деница.

„По многу напори за да го пронајдеме вистинското докторско око, конечно, успеавме! Голем успех од рацете на д-р офтамолог г-ѓа Виолета Бучкоска! Благодарност од целото семејството. Мајка ми не гледаше со едно око 99% од дијабетесот поради дијагноза позната како ретинопатија. Денес гледа јасно, благодарение на оваа прекрасна дама! Го напишав овој статус со желба да им помогнам на сите пациенти кои имаат проблем со оваа дијагноза, како и со помалку комплицирани проблеми.Обратете се кај оваа докторка! Им благодарам на сите пријатели кои помогнаа овие денови!

Предводникот на тимот на Деница, доктор Наум Трпеноски, по повод 100 дена од работењето на болницата,меѓудругото, ја опреми болницата со уште еден нов апарат за операции на предниот и задниот сегмент на окото – Geuder Megatron S4 од Хајделберг, Германија.

„По само 100 дена од нашето работење, имавме слух за потребите и маките на пациентите. Како најголема инвестиција во македонската офталмологија овој јубилеј го одбележавме на тој начин што им помогнавме на пациентите на кои нашата помош им е многу потребна, а кои финансиски не се во можност да се оперираат приватно. Затоа одлучивме на пациентите со најтешки дијагнози кои се обратија за помош да им овозможиме да гледаат подобро за да живеат подобро, што е всушност и мотото на Деница“ – изјави доктор Трпеноски.

За подетални информации обратете се на телефонските броеви :

02/2446-400 / 070-318-317

СПОДЕЛИ