ХОРОР ВО ГОСТИВАРСКО : Му вперил пиштол оти не дозволил да се ожени со неговата сестра

0
248

Жител од тетовското село Врапчиште му вперил пиштол на жител од гостиварското село Здуње бидејќи не му дозволил да се ожени со неговата сестра, а потоа му се заканил дека ќе го убие.

Според полицијата, инцидентот се случил вчера во 19.30 часот. Критичното време Е.Н. од селото Врапчиште дошол пред куќата на А.М. во селото Здуње со намера да ја побара сестрата на А.М. за негова сопруга.

Бидејќи А.М. не дозволил, Е.Н. извадил пиштол, го вперил кон него и му се заканил дека ќе го убие, по што заминал од куќата.

Полицијата го бара пиштолџијата и го расчистува случајот.