Холандска амбасада: СЈО игра клучна улога, потребна му е поддршка од сите вклучени страни

0
176

Специјалното јавно обвинителство игра клучна улога во овој процес, за што му е потребна постојана поддршка од сите вклучени страни, велат од Холандската амбасада.

„Холандија секогаш се залага за отчетност како еден од основните предуслови за враќање на довербата во политичкиот систем на државата. Специјалното јавно обвинителство игра клучна улога во овој процес, за што му е потребна постојана поддршка од сите вклучени страни, со цел непречено да ја исполни својата мисија, како што и беше договорено од страна на политичките лидери, за доброто на Македонија, нејзините граѓани и нејзината иднина“, стои во соопштението од Холандската амбасада.

Тие реагираа откако владејачкото мнозинство во Собранието не ги изгласа измените кои ги бараше СЈО во законот за заштитени сведоци и за продолжување на работата на СЈО.