ХАОС И ТОТАЛЕН ЛОМ ВО СЕДИШТЕТО НА ТРЕТИОТ РАЈХ : НАЈБЛИСКИТЕ СОРАБОТНИЦИ НА МИЈАЛКОВ НА СОСТАНОК ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО?

0
180
Братучедот на премиерот Никола Груевски началникот од дирекција за контраразунавање кој е одговорен за следење на опозицијата – Горан Груевски заедно со Јован Илиевски кој е баџанак на директорот на ДБК Сашо Мијалков кој работи како јавен обвинител за гонење организиран криминал и корупција, главно за опозицијата, портпаролот на МВР, Иво Котевски и државниот јавен обвинител Марко Зврлевски, според информациите на Centarnews.net во Основното јавно обвинителство одржалe состанок.
mijalkov-gruevski-s
На состанокот според неофицијални извори во крајно тензична атмосфера барале начини како да постапат по објавувањето на доказите со прислушувањето кои ги објави претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Настанала паника бидејќи немале информации за тоа што се ќе објави СДСМ во наредниот период.
Според информациите, во целото раковоство и членство на владеачката партија владее вистински хаос и настанало тотален пичвајз и калакурница поради страв од откривање на вистината за прислушувањето од ДБК.
Очигледно дека Груевски и Мијалков не им веруваат ниту на своите најблиски сопартијци што се одлучите да ги прислушуваат и нивните разговори. А зошто да им е грижа за останатото членство?