Хан ги пречека Заев и Груевски во резиденцијата на ЕУ

0
141

Делегации од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ пред малку пристигнаа во резиденцијата на евроамбасадорот Аиво Орав во Скопје, на средба со еврокомесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, кој денеска е во земјата во обид да се изнајде излез од длабоката политичка криза.

han1

Делегацијата на СДСМ е предводена од лидерот Зоран Заев, а во неа се и Радмила Шекеринска и петре Шилегов, а делегацијата на владејачката партија е составена од Никола Груевски, Мартин Протоѓер, Никола Попоски и Никола Тодоров.

Можно е, како што информираат од мисијата на ЕУ во Скопје и од политичките партии, по разговорите со Груевски и Заев, Хан да присуствува на лидерската средба на која ќе бидат и претседателите на ДИУ и на ДПА.

Според некои медиуми, Хан денеска носи предлог документ за разрешување на кризата, а за неговата содржина се уште е на ниво на шпекулации.

извор: Плусинфо