ФРЧКО МАЕСТРАЛЕН: Ванковска и бандата се како талог на турско кафе, издувни гасови од ауспух кои остануваат позади додека шибаме со 200 на саат напред!!!

0
1509

Фрчко во најважен момент е најдобар, во својата колумна  одговор на 200-те интелектуалци потписници на писмото за прекин на преговорите, навистина дели фантастични ЧВРГИ:

Но, 200-тоте од Термопилите-под-Мариово сега се мобилизираат во еден посебен паничен момент – кога на тоа држење на Македонија заложник на изолацијата, на Македонија „во дупка“ и на Македонецот „кој не-може“, може да му се види крајот!

Кога има геостратешка шанса да се излезе од таа дупка, секако, ако се сака, ако се мобилизира граѓанството во еманципаторската насока, ако за тоа се има критичка интелектуална мобилизација и човечки материјал секако. 200-те во Суријата се симбол на Македонија која останува назад, како талог на дното од дупката во која толку долго, предолго нацијата битисуваше. Тие не се предводник кон никаде и ништо, тие се талог кој останува.

И тоа може да биде интелегенцијата секако – талог на нацијата.