ФРЧКО БРУТАЛЕН : What the fuck, бре! Кого боли стап што ќе се случувало со ВМРО ДПМНЕ по поразот?

0
5903

Не знам што им е на „аналитичариве“, новинарите и воопшто луѓево ако сакате, драги мои? Се однесуваат како после удар во глава во некаков пост-трауматски шок. Се тетерават после една брилијантна и неочекувано голема победа на СДСМ и коалицијата на локалните избори – во шок се бават со тоа: дали ВМРО-ДПМНЕ ќе се реформирала после ваков пораз? Дали Груевски ќе поднесел оставка? Кој ќе го заменел и кого евентуално ќе инсталирал на чело на таа партија? Како кон тоа се ќе се однесувале или парирале „вистинските вмровци“ и искрените членови на партијата?

What the fuck, бре! Кого боли што ќе правело ДПМНЕ? Можеби понормално би било прашањето што ќе прават победниците и граѓаните на РМ – со ДПМНЕ – третирајќи ги како фатен злосторник на дело или како „вол у купуз“ на кој треба да се изврши „народната правда“! Или пак, замислете, македонско-левичарско-салонски мазохизам: како партијата ДПМНЕ ќе се реформирала и кои поуки ќе ги извлекла од поразов? Јеботе кое НЕПРИСТОЈНО И НЕЕТИЧКО прашање?

Таа организација како што видовме е злосторничка формација која беше на пат да упропасти една држава, зацрни безброј индивидуални судбини сосе нивните фамилии – и да се прашате, дури и во наплив на неразбилив хуманизам, како таа одвнатре ќе се реформира е крајно морално проблематично стојалиште! Тоа ја отсликува потиснатата и потсвесна импресионираност на индивидуите кои со тоа се занимаваат на глас, окупирајќи огромен простор во јавноста – со партијата ДПМНЕ, со нејзината наводна – дисциплина, хиерархија, ред-и-поредок, централизираност, култ на лидерот, насилност, злоупотреба и репресија кон своите членови и кон сите други секако. Со нејзиниот јавно искажан или фантазмолошки светоназор. Таа садо-мазо игра кај Македонецот ја објаснува Венди Браун со изразот: заробеник на повредата! Повредата кон субјектот нанесена од непријателот, станува толку силна, толку повнатрешнета, што тој ниту во победа не може да се отргне од неа, туку таа некако како да го конструира субјектот одвнатре ?Тричковски има еден израз за тоа кога вели дека ДПМНЕ го декапацитира Македонецот). Индивудуите се постојано во нејзина гравитација, заробеници на повредата дури и кога таа партија е на прагот на исчезнување, поразена, на маргините. Или со парафразираните зборови на В.Браун: ние стануваме заробеници на нејзиниот мит, на фантазијата за неа!

Институционализираната победа над непријателот кој исчезнува, во манир на „меланхолична логика“, отвора простор за продолжена „борба со духови од минатото“.

Според оваа первертирана логика новиот политички простор (после победата врз ДПМНЕ) ќе биде можен само и само ако биде доминиран од нови и нови повици за реформирање на ВМРО ДПМНЕ, по линија на нивно одржување како непријател наспроти кој се одржува нашиот колективен идентитет на левица. Без непријателот ВМРО ДПМНЕ ние како да не сме способни да го организираме нашето општествено живеење (јебала вас Левица)? Новите места од кои повторно треба да се еректира непријателот во исчезнување (реформирано ВМРО ДПМНЕ) треба и понатаму да бидат зачувани за партијата-узурпатор или македонскиот „арбитрарен суверен“, како нужни места на политичка анксиозност.

Политичкото функционирање во Македонија се уште не може да биде замислено, отаде политичката анксиозност на минатата деценија и оттука не може да биде замислена во термините на правдата, солидарноста и еднаквоста. Не може да биде ‚‚доделена правда“ и како да стремиме да се врати повредата сосе нејзината реформирана сенка ДПМНЕ.

И да не ве давам повеќе со филозофија драги мои која патем идеално не отсликува нас кутрите – да предложам метод за справување со траумата на повредата која се заканува да стане конституелна: ДПМНЕ не смее да се реформира одвнатре! Условите за нејзиното реформирање ќе и ги пропише државата и граѓаните. Тие ќе се состојат од претходно исполнување на 4 услова:

  • Извинување до македонските граѓани за кражбата на државата, изолацијата на земјата и уривањето на демократијата и човековите слободи и права;
  • Конфискација на имотот на партијата и вракање на украденото? Како тоа замислуваат „реформаторите“ од ДПМНЕ‚ ние сите да гледаме весело како тие ја јавнуваат најбогатата партија во Европа и продолжуваат да ја јаваат дражесно и демократски откога ќе го симнеле Груевски! Пази богати? Каде игра тој филм да го гледам повторно?
  • Јавни и транспарентни судења на нивната криминална, мафијашка врхушка, кои се веќе под обвиненија од СЈО!
  • Со закон поместување на кратенката ВМРО во историјата и музеите (бидејки нели „сите сме ВМРО“) и одземање на привилегијата само дел од партиите неосновано да се кредитираат на изборите злоупотребувајки ја истата.

До исполнување на овие предуслови полу-мртвото тело на ДПМНЕ треба да се одржува во формалдехид (embalming chemicals) како ЗОМБИ.

Треба да одбиеме да се бавиме со ДПМНЕ и нивните заебанции во септикот во кој се упаднатаи. Нас ни е неопходно конструирање на основите за демократска реставрација или нормализација, како сакате. Во нивните основи МОРА ДА БИДЕ АКТ НА ДОДЕЛУВАЊЕ ПРАВДА, како серија од државни гестови на нејзино повторно овозможување:

  • Прво Закон за општа амнестија (кој е во процедура)
  • Закон за вонредна обнова на постапките каде е сторена веројатна груба повреда на принципите на фер судење
  • Закон за поништување на Лустрацијата и др.

Потоа заедно со судењата на злосторничкото здружение од врвот на ДПМНЕ треба да се судат (на трагата на предлогот и на Прибе) група судии кои ја злоупотребиле позицијата на судии бидувајќи „судии за бесење“ на диктатурата. Нивниот грев е далеку најголем во овој период.

Имено од делители на правда, надежта на непрокопсаните и повредените за заштита на своите права, да ја злоупотребите таа клучна позиција, сами да бидете фактор на кршење на правата на луѓето така грубо со местенки и партиска послушност, да ги упропастите животите на луѓето и нивните семејства и конечно да ги предадете основите за можноста за правда и правна држава – е апсолутно најголем грев. Нивните казни мора да бидат примерени на тоа злосторство.

Само тогаш, драги мои и само после тоа ние можеме да зборуваме за други реформи во правниот и економски систем. Ние треба и ќе одбиеме разговор и учество во било кои проекти без да биде задоволена правдата на почетокот на сета таа приказна за возобнова на демократијата. Без правда – нема мир и нема општество, само провизориум на потиснати агресии, анксиозност и вина! Сега тоа повторно се актуелизира до болка и кај новиот систем и новите политички елити на обновата.

Мислам дека тие елити треба внимателно да ги прочитаат пораките од победата: по првите радосни песни на прославата пред владата, втората беше: Никола, Никола – Шутка не ти бега Николаааа!

Љубомир Д. Фрчкоски, преземено од порталот Либертас

СПОДЕЛИ