Фрчкоски за Плусинфо: Без договор, политичката криза ќе се заостри

0
76

– Според тоа што вчера го кажа Хан, Брисел сака да си замине овој политички режим, за да дојде друга влада. Посебен преоден период не би бил сам по себе посебен ако го води оваа влада.

frckoski-540x360

Но, прашањето е дали таа влада ќе биде предводена од Груевски или не. Тоа е јасно дека тој не може, но може таа влада да биде предводена од експерти. Ако не си замине Груевски, политичката криза во земјава ќе се заостри и тоа меѓу двата табора, односно меѓу Македонците, но и меѓу Албанците. Ќе се заостри со аферата „Монструм“, случај за кој ние Македонците на сограѓаните Албанци мора да им дадеме поддршка за да се изборат за правдата на луѓето кои невини се во затвор. Сметам дека после се, албанските политичари ќе ги напуштат функциите во државните институции, а нашата македонска криза ќе биде да не се дозволи лидерот на СДСМ да го суди оваа власт. Не може да се суди тој без преодна влада и без процес за прислушувањето. Заев треба да одржи говор во кој ќе каже, како Тито, дека не го признава овој суд и целата граѓанска опозиција да ѝ одржи час по легитимност на актуелната власт. Ако до средината на јуни не се реши сѐ, тогаш ќе биде погодна состојба за посериозни медијатори кои ќе најдат решение до втората средина на јуни, а САД кои до сега индискретно учествуваа во сите случувања, се спремни да помогнат да се најде решение ако тоа не ѝ успее на ЕУ – изјави за порталот Плусинфо поранешниот министер за надворешни работи и актуелен универзитетски професор, Љубомир Фрчкоски.

Неговиот став следи по вчерашниот договор потпишан во Скопје помеѓу еврокомесарот Јоханес Хан, премиерот Никола Груевски, претседателот на СДСМ Зоран Заев и лидерите на двете најголеми албански партии, Али Ахмети и Мендух Тачи, во кој е договорено предвремени избори во земјава да има до април следната година. До тогаш, според договорот, Македонија влегува во транзициски период.

– Важно е да се реши кризата за да се задржи препораката од ЕУ. Договоривме до крајот на април идната година да се одржат предвремени избори, но важно е земјата претходно да се подготви во смисла на изборниот законик и ревизија на избирачкиот список, како и да се задржи понатамошното спроведување на сите препораки на ЕУ. Беше договорено да се примени методологија која вообичаено ја користиме за преговори за поглавјата 23 и 24, а се работи за владеење на правото, независност на судството, слобода на медиумите. Сето ова ќе придонесе државата да се модернизира – изјави по средбата еврокомесарот Хан.