ФРАНЦУСКИОТ АМБАСАДОР Е ДАР ОД БОГА ЗА ВМРОВЦИТЕ: НЕМА ДА БИДЕ КРАЈ НА СВЕТОТ АКО НЕ ДОБИЕТЕ СТАРТ НА ПРЕГОВОРИ СО ЕУ?!?!

0
384

Прашањето за влез во ЕУ е отворено и ако се оцени дека законодавната работа е недоволна нема да биде крај на светот, вели францускиот амбасадор за 1тв. Според Тимоние, земјата мора да покаже дека е предност за Европската Унија, а не дополнителен товар. Вели – чашата е само до половина и тоа не зависи од државите членки, туку станува збор за прецизни критериуми кои земјата мора да ги исполни.

– Дали треба да се сконцентрираме само на месец јуни, не знам. Прашањето е се уште отворено, затоа што ќе се оддржи и друг Европски Совет во месец октомври, ако се оцени дека законодавната работа е недоволна, тоа не ќе значи дека ќе се случи крајот на светот. Треба сите да разбереме дека сите треба да помогнеме за да се стигне до крајната цел, односно земјата да биде спремна и зрела за отворање на преговорите во јуни, вели Тимоние.

Јавноста треба да просуди што е направено, затоа што под квалитетни реформи се подразбира тие и не само да бидат изгласани, туку и спроведени. Амбасадорот вели дека е важно серијата на закони кои што се во собраниска процедура  да бидат завршени.Јавна администрација, борба против корупцијата, реформи во судството, тајните служби, успешно спроведени претседателски избори и конструктивна опозиција е тоа што се бара. Тимоние вели и дека усвојувањето на некои од законите каснеле, а земјите членки прецизно ќе го разгледуваат извештајот на Европската Комисија.

-Се разбира дека ќе бидеме мошне внимателни за усвојувањето на тие закони коишто малку каснеа поради предвидените агенди, но времето може да се надокнади и токму тоа и ние го посакуваме. Постои и еден друг квалитативен аспект, а тоа е спроведувањето истите на терен. Се надеваме дека претседателските избори, ќе се реализираат во добра клима, изборите ќе бидат праведни без манипулации и дека ќе бидат правични. Одржувањето на добар дијалог меѓу опозицијата и Владата е фактор а стабилизирање на состојбите, вели Тимоние.

Во меѓувреме францускиот експерт Франсоа Лафон работи во Секретаријатот за европски прашања кај потпретседателот Бујар Османи со кој во моментот се подготвуваат 3 семинари, коишто ќе овозможат на овој Секретаријат, во најдобрите можни околности да се почнат преговорите за членство.

Вчера во Брисел, Европската Комисија упати пофалби за напредокот но не и гаранција дека во јуни ќе има зелено светло за отпочување на преговорите. И Могерини и Хан задоволни од динамиката на реформскиот процес, но јасни – последниот збор ќе биде по извештајот во мај.

Лепа Џундева