(ФОТО) ТЕТОВЦИ ТАНЦУВААТ СО ВОЛЦИТЕ

0
477

Во топлата соба Теодора, Петар и Васе си ги пишуваат домашните работи и се подготвуваат за училиште. Со нив, легната на креветот е и Тара, нивното домашно милениче. Но Тара не е вобичаено домашно милениче. Таа е волчица стара осум месеци. Тара станува од креветот и оди прво кај Васе и бара тој да ѝ обрне внимание. На Петар му ги стави предните шепи на неговите рамења, па отрча кај Теодора бидејќи знее дека таа ќе ѝ го даде топчето со кое многу сака да игра. И вака е секој ден во изминативе неколку месеци во семејството Зафировски во Брвеница. Волчицата Тара е љубимец не само на децата туку и на татко им Гоце, пишува СДК.

„Тара е дел од нашето семејство. Уште од првиот ден кога ја донесов сите ја засакавме. Знам дека е невообичаено волчица да биде домашно милениче, но Тара е толку умна и питома што не би ја менувале за ништо друго“, ни вели Гоце Зафировски кој работи во Македонски шуми, а воедно е и страсен ловец.

„Тара ја добив од мојот пријател од Тетово Фадил. Беше мала кога ја донесов дома. На почетокот домашните беа изненадени, но како минуваше времето толку се навикнавме на неа и ја засакавме, што веќе не можеме без нејзиното присуство. Таа до пред еден месец спиеше во нашата соба. Но почна многу да ни здодева бидејќи сакаше постојано да си игра, па сега спие во дворот, но преку ден е тука со нас во собата. Таа не варди подобро од било кое куче. Воопшто не е агресивна и досега никого не нападнала, ниту од нас домашните ниту некого од надвор. Но ако нема никого во куќата тогаш не е препорачливо да се влегува во нашиот двор, тогаш ја чува куќата како најдобар пес чувар. Во дворот се шета и трча насекаде, но не излегува надвор од капијата без моја дозвола.Тара е десет пати попаметна од било кое куче. Кога ќе и речем ‘не’ тоа значи ‘не’ и таа веднаш ја послушува мојата наредба. За ова многу придонесе добрата социјализација која ја доби уште кога беше мала. Тара не е тепана ниту малтретирана, не е држена постојано под ланец  и затоа сега со сите се однесува питомо и воопшто не е агресивна“, раскажува Гоце.

Целата сторија може да ја прочитате ОВДЕ