Ако погледнете на фотографиите на сајтот од Општина Прилеп навидум ќе видите нормална ситуација каде градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески посетува бадникарски огништа, ждере од трпезите, пие вино, здравици мавици, малку грав и посна сарма колку да стегни.
Но ако подобро ги погледнете фотографиите ќе забележите дека градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески со себе нема само верни до смрт новинари кој ја следат неговата агенда за креирање на слика во рајата на демохристијански дух и вредности ,туку замислете, сега човекот си има и свој поп еј, поп кој верно го следи по сите верски празници кои се празнуваат под покровителство од пропагандата на општина Прилеп.
Пред три дена МПЦ излезе со соопштение за тоа дека црквата ги повикува верниците да го почитуваат апелот да прекинат да палат огнови бидејќи тоа било пагански обичај и со тоа да започне процесот на конечно прекинување на оваа традиција меѓу народот која нема верски елементи на празнување.
Па од тука се поставува прашање, овој поп кој веќе станува сенка на градоначалникот од Прилеп, Марјан Ристески дали ќе го испочитува апелот на МПЦ или ќе остани верен до ГРОП на желбата на прилепскиот градоначалник и лажната слика за демохристијанство и побожност.