(ФОТО) Осомничениот криминалец Владимир Талески позади Милошоски на партиски активности на ВМРО-ДПМНЕ

0
252

Денеска членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, имаше партиски активности во Битола.

Позади него имаше повеќемина од битолскиот комитет на партијата, а меѓу нив и битолскиот градоначалник, осомничен од СЈО, Владимир Талески, кој помина време и во домашен притвор поради случајот „Транспортер“.

Милошоски денеска посочи дека оваа изборна кампања треба да биде на едно од највисоките нивоа, демократска, отворена, транспаретна, фер, со почитување на сите политички соперници.

-Овој пат нема да допуштиме на било кој да даде било какви изговори за бегање од изборите или за наоѓање изговори за непризнавање на изборниот резултат. Бидејќи се работи за Македонија, за државниот интерес, за потребите на граѓаните кои сакаат инвестиции, нови проекти, патишта, образование, а не сакаат шпионирање и тргување со националните интереси, потенцираше Милошоски.